Категории

Изведба на балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам во НОБ

На 4 декември 2021, со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе новата балетска продукција на романтичниот балет во два чина „ЖИЗЕЛ“, премиерно одржанa на 30 октомври 2021.

Од неговата праизведба во Париз 1841 па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

Во главните улоги настапуваат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија).

Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

 

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Прегледи:
518
Објавено на:
30.11.2021