Категории

Денес е светскиот ден на сидата: „Вирусите не дискриминираат, луѓето да!

Светскиот ден на сидата се одбележува на 1. декември секоја година уште од 1988. година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО). Целта е да се подигне свеста на јавноста и да се истакнат досегашните достигнувања и превенции на заразата, како и достапноста на терапијата.

Здружението на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, за денешниот ден подготви неколку настани. Во рамки на кампањата „Вирусите не дискриминираат, луѓето да!“, го одбележуваат Светскиот ден на сидата, во Кинотека на Република Македонија.

Ова е нивната програма за денешниот ден:

  • 19:00 – 19:30 Откривање на мурал на Кинотека Македонија
  • 19:30 – 21:00 Проекција на филм
  • 21:00 – 00:00 Коктел – добротворен настан и промоција на календар 2022 година

„Со оваа кампања имаме за цел да ја потенцираме нашата загриженост за стигмата и дискриминацијата врз која се изложени луѓето кои живеат со ХИВ и да делуваме фокусирано на нејзиното сузбивање“, велат од Заедно посилни.

Прегледи:
414
Објавено на:
01.12.2021