Според верувањата, во новата година треба да се влезе со убави мисли и мир во главата и срцето. Сите кавги и несогласувања, како и долгови кои ги имате не треба да ги пренесувате во следната година. Освен тоа, треба добро да го расчистите просторот во кој живеете и да се ослободите од работите кои не ви се потребни и прават хаос.
Според фенг шуи, овие предмети го спречуваат протокот на позитивната енергија и привлекуваат беда во домот.
1. Стари мобилни полначи и застарена техника
Добро ни е позната ситуацијата кога наместо да го фрлиме расипаниот телефон најчесто го чуваме бидејќи можеби некогаш ќе ни притреба. Таквите уреди најчесто завршуваат во кутии, а потоа и под кревет. Тие носат лоша енергија и расположение.
2. Стара облека или чевли кои никогаш не сте ги носеле
Секоја жена има барем два пара чевли кои и се допаѓаат, но не ги носи. Истото важи и за облеката. Извадете ги од плакарот, бидете искрени кон себе, ослободете го просторот, подарете ги некому.
3. Предмети кои будат лоши спомени
Ако ве асоцираат на лоши моменти, постојано ќе создаваат лоша енергија во вашиот дом.
4. Подароци и фотографии од поранешни партнери или пријатели
Овие работи константно нѐ тераат да размислуваме за минатото и работите кои би требало да ги преболиме. Затоа, ако сакате да се ослободите од духовите на минатото, ослободете се од непотребните подароци.
5. Стари документи и хартии, сметки и гаранции на кои им поминал рокот
Одвојте време и пребарајте ги документите, хартиите и платените сметки. Одлучете што е за фрлање, а останатите работи убаво подредете ги и зголемете го просторот во фиоките.