Дамјан Стоименовски уште еднаш ја воодушеви македонската публика, овој пат со неговата прва песна “ Те губам”.
Музиката и аражманот се на Гоце Симоноски, додека текстот е на Ивана Димова. Зад видео записот стои Владислав Гавриловски, а видеото е снимано на повеќе локации во Скопје. Ова младо момче има 20 години и е студент на правниот факлутет „Јустинијан Први“.
За себе вели дека ги обожава музиката и пеењето. Посетува часови по пеење и досега има преработено неколку познати песни. Учествувал на балканско музичко шоу, а има освоено и голем број награди на државни натпревари.