Категории

Направете едноставен и вкусен здрав намаз од тиква! (РЕЦЕПТ)

Намазот од тиква се подготвува многу едноставно и е многу вкусен!

Состојки:

(за 4 особи)

– 400 г печена тиква

– 6 чешниња лук

– 10 лажици маслиново масло

– 1/2 лажичка сол

– сок од половина лимон

– бибер

– масло од семки од тиква

– семки од тиква

Подготовка:

Печената тиква исечкајте ја на коцки, додадете го истолчениот лук, маслиновото масло, солта и сокот од половина лимон. Сите состојки ставете го во блендер и соединете го намазот.

Количината на масло варира и зависи од квалитетот на тиквата. Ако е сува, ќе треба да додадете повеќе масло. На намазот ставете неколку капки масло од семки од тиква и сечканите семки од тиква.

Пријатно!

Прегледи:
479
Објавено на:
06.12.2021