Категории

РИБИ – Годишен хороскоп за 2022 година

Годишна прогноза за работа, семејство, љубов, пари и здравје.

Во 2022 година дефинитивно сѐ ќе оди во корист на личностите родени во знакот на Риби.

Ќе ве следи успех на финансиско поле, а поместувањето на Сатурн од 11 во 12 куќа во април ќе ви донесе уште извори на приходи. Положбата на планетите во вашиот знак постојано ќе се менуваат во август и октомври, а тогаш мора да внимавате кои потези ги повлекувате бидејќи ќе имате и многу искушенија за ризични чекори. Јупитер во Риби ќе се погрижи за хармоничните односи, а кога станува збор за кариерата, очекуваните резултати нема да изостанат.

Љубов

Среќа и исполнетост ги очекуваат сите Риби кога станува збор за љубовниот живот. Ако сте во долга и стабилна врска, може да дојде до некои недоразбирања. Не се впуштајте во непотребни кавги и секоја ситуација анализирајте ја со трпение. Во втората половина сѐ ќе биде подобро, а партнерот ќе биде со вас во секој момент.

Работа

Вработените, но и оние кои бараат работа, можат да наидат да проблеми на ова поле. Избегнувајте било какво агресивно однесување на работното место, трудете се да се сложувате со соработниците. Во спротивно би можело да дојде до отказ. Ако сакате да ја промените фирмата, големи се шансите за тоа, но претходно направете добро истражување за компаниите и условите кои ги нудат.

Пари

Почетокот на годината ќе биде добар кога станува збор за финансиите. Во средина на годината ќе мора да обрнете внимание на трошоците. Рационално трошете ги парите. Плановите повразани за инвестиции ќе имаат позитивен резултат. Ако сте во судски процес, пресудата веројатно ќе биде донесена во ваша корист. Во втората половина на 2022 година, годишниот хороскоп предвидува подобрување на финансиската состојба. Оваа година исто така е многу важна за вашиот просперитет и во иднина.

Семејство

На ова поле во текот на годината ќе имате стресни периоди. Поради работата и другите обврски, нема да имате доволно време да му посветите на семејството. Тоа може да се одрази преку нарушување на односите со некои членови од семејството, особено со децата. Оние во брак ќе бидат во најголемо искушение, па затоа мора да избегнуваат кавги. Кај младите Риби, можно е проширување на семејството.

Здравје

Во оваа година ќе се соочите со некои помали здравствени проблеми. Ќе бидете подложни на проблеми со црниот дроб и вирусни инфекции. Се советува здрава исхрана и редовно вежбање, кое ќе ви помогне да ги решите сите проблеми со здравјето. Ве очекува и ментален стрес, ќе биде потребно да вложите многу напор и трпение за да го надминете тоа.

Прегледи:
1090
Објавено на:
30.12.2021