Категории

Синот на принцот Хари и Меган Маркл тргна во градинка – Никој не знае дека има кралско потекло

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се трудат да живеат нормален живот откако го напуштија кралското семејство. Но, не им недостига богатство и гламур, а иако живеат во 14 милионска вила во Монтесито, Калифорнија и можат да си дозволат дадилки за деца, решиле да го запишат синот Арчи во градинка.

Арчи, кој има две години, се дружи со деца во градинка, а неговите врсници не знаат дека татко му е принц.

– Хари често го носи Арчи во градинка и доаѓа по него. Изгледа како добар татко. Сите родители се опуштени околу Хари и Меган, никој не прави врева поради тоа. Што се однесува до другите деца, Арчи е едно од нив. Тие не знаат дека неговиот татко е член на кралското семејство и веројатно не би им било важно, освен што Меган можеби е принцеза на Дизни – изјавил еден од родителите на децата од групата на Арчи.

Како што се наведува, градинката е организирана така што децата се во мали групи, учат шпански, танц, филм и театар, но и како да се заштити животната средина.
Голема градина полна со славејчиња, овошни дрвја и разни растенија е достапна и за децата, кои учат како да ги зачуваат во животот.

Прегледи:
626
Објавено на:
03.01.2022