Совршен појадок за целото семејство!
Состојки за палачинки:
250 мл кисела вода
1 јајце
250 гр пченкарно бело брашно
50 мл маслиново масло
малку сол
За фил:
1 помала тиквица
1 морков
30 гр сусам
1 лажица хумус од пиперка
1 лажичка сенф
Најпрво подгответе ја смесата за палачинки:
Во чинија ставете кисела вода, јајце, маслиново масло и брашно. Со миксер соединете ја смесата. И печете ги палачинките.
Во тавче на малку маслиново масло запржете ја исечканата тиквица и морков. При крај, кога ќе омекне зеленчукот додадете лажичка сусам и 1 минута пржете се заедно.
Палачинките премачкајте ги со хумус од пиперки и сенф, преку нив ставете го зеленчукот и преклопете ја палачинката.