Категории

Писмото од мојата мајка кое никогаш нема да го заборавам

Драга моја ќерко,

Ќе дојде ден кога јас ќе остарам и тогаш покажи трпение и обиди се да ме разбереш. Ако се извалкам за време на јадењето и ако не можам да се облечам без твоја помош, биди трпелива. Сети се колку време потрошив, кога јас те учев тебе да го правиш тоа.

 

Ако илјада пати го повторам истото додека разговарам со тебе, не ме прекинувај, слушај ме. Кога беше мала морав илјада пати да ти ја читам истата бајка.

Кога ќе видиш дека не ја разбирам новата технологија, дај ми време, и не ме гледај со потсмев. Јас тебе те научив толку многу работи: како правилно да јадеш, како да се облекуваш убаво, како да се носиш со животните неприлики.

Ако во некој момент нешто заборавам, дај ми време да се присетам. И да не успеам во тоа, не се грижи, бидејќи најважно не е она што го зборувам, туку што можам да бидам покрај тебе, што ти ме слушаш…

Ако одеднаш изгубим апетит, не ме терај да јадам. Знам сама, кога можам да јадам, а кога не.

Ако моите уморни нозе престанат да бидат моја потпора – дај ми рака, како што ти ја давав јас мојата кога ги правеше првите чекори.

И ако еден ден ти кажам дека повеќе не сакам да живеам, дека сакам да умрам – немој да бидеш лута на мене. Еден ден ќе сфатиш.

Гледајќи ја мојата старост, не лути се, не се чувствувај беспомошно. Биди покрај мене, обиди се да ме разбереш  и да ми помогнеш – како што јас ти помагав тебе кога го почнуваше својот живот.

Помогни ми да одам понатаму, помогни ми да го завршам својот пат, со љубов и трпение. За тоа ќе те наградам со својата насмевка и безгранична љубов, која никогаш нема да згасне.

Те сакам, драга моја ќерко!