Не само што тие се многу вкусни и лесни за подготовка, тие исто така се многу погодни за ужина на работа или на училиште, како и за појадок на пат до работа, итн.). Денешниот рецепт за мафини содржи најздрави состојки, така што покрај тоа што ќе уживате во засладувањето, во вашето тело ќе можете да внесете и многу корисни материи.
Состојки:
- 1 зрело авокадо
- 2 големи зрели банани
- 2 јајца
- 2 лажици мед (или јаворов сируп, кокосов шеќер)
- 1 лажичка ванила
- 2 чаши оризово брашно (за верзија без глутен користете безглутенско брашно)
- 2 лажички прашок за пециво или сода бикарбона
- 1/4 чаша сецкано чоколадо
Подготовка:
- Во блендер изблендирајте го авокадото, бананите, јајцата, медот и ванилата.
- Во поголем сад, измешајте го брашното со прашокот за пециво.
- Измешајте ја смесата од авокадо и банана со сувите состојки и додадете го чоколадото. Не претерувајте со мешање, бидејќи во тоа е тајната за најдобрите мафини.
- Калапот за мафини подмачкајте го.
- Истурете ја смесата со лажица.
- Печете ги 20-25 минути на 180°С.
- Извадете ги од рерната и почекајте да се оладат.
- Извадете ги мафините од калапот и сервирајте.