Категории

Намирници од растително потекло кои имаат најмногу протеини

Сè повеќе луѓе се префрлаат на веганска исхрана. Причините се различни – некои избегнуваат храна од животинско потекло од здравствени причини, а некои поради етички и морални принципи. Други сакаат да се вратат во природата, како најдобар начин да живеат здрави и во рамнотежа.

Урамнотежената и разновидна исхрана е најдобриот начин да му обезбедите на вашето тело сè што му е потребно. Но, ако сакате да ја засновате вашата исхрана исклучиво на храна од растителна основа, предизвикот е да најдете такви кои ќе ги задоволат сите ваши потреби. Познато е дека производите од животинско потекло се најбогати со протеини. Ако ги избегнувате, мора да најдете добри алтернативи.

Еве неколку растителни намирници кои се најбогати со протеини:

1. Соја
Производите од соја се меѓу најбогатите извори на протеини. Количината на протеин варира во зависност од тоа како се подготвува сојата: цврстото тофу содржи околу 10 g протеин во половина чаша, зрната едамаме (незрела соја) содржи 8,5 g протеини по чаша додека темпех има околу 15 g протеини во половина чаша. чаша.

Тофуто има неутрален вкус, може да биде добра замена за месото. Покрај протеините, производите од соја содржат и многу калциум и железо, што ги прави здрави замени за млечните производи.

2. Леќа
Оваа малку заборавена мешунка е вистинска ризница на протеини. Црвената и зелената леќа содржат многу протеини, но и влакна, како и железо и калиум. Готвената леќа содржи 8,84 g протеини по чаша. Може да се јаде динстано, како грав или грашок, потоа како прилог со некои други јадења …

3. Наут
Оваа жизарица е особено популарна на истокот, а таа е главната состојка на хумусот – здрав растителен намаз. Варениот наут е богат со протеини – содржи околу 7,25 g по чаша. Покрај хумусот, наутот може да се стави во супи и манџа, да се пече во рерна …

4. Кикирики
Кикириките се богати со здрави масти и протеини – Содржат околу 20,5 g протеини по чаша. Освен сурови или печени, кикириките може да се додадат во салати, да се направи путер од кој се прават здрави десерти и шејкови.

5. Бадеми
Овие јаткасти плодови можат да се пофалат со значителна количина на витамини Е и А, калциум, бакар… Имаат околу 20 гр протеини во 100 гр. Можат да се јадат сирови, печени, бланширани, во смути и десерти, во форма на путер …

6. Чиа семе
Овие ситни семиња потекнуваат од Јужна Америка, а дури и древните Маи знаеле за нивните корисни својства. Тие се одличен извор на омега 3 и омега 6 масни киселини, калциум, железо и магнезиум и антиоксиданси. Во 100 g чиа семе имаат околу 19 g протеини. Се консумираат така што се ставаат во течност – вода, млеко, сок, супа да набабри. Одлични се за правење здрави пудинзи.

7. Киноа
Оваа житарка потекнува од Јужна Америка и ги содржи сите амино киселини. Богат е со протеини – 100 гр варена киноа содржи околу 9 гр белки. Содржи и многу влакна, железо, магнезиум, сложени јаглехидрати… Еве рецепт за здрав оброк со киноа.

Прегледи:
738
Објавено на:
05.03.2022