Категории

Вистина или предизвик – креативни предизвици со коишто ќе ја размрдате забавата

Кога филмот е догледан, пицата изедена, време е за популарната игра „Вистина или предизвик“ – често играна во кругот на пријателите, а понекогаш и во кругот на тотални странци. Ви претставуваме неколку забавни предизвици со коишто ќе донесете искра во забавата. Запомнете, предизвиците мора да бидат безбедни како физички така и емоционално. 

1. Испејте ја Вашата омилена песна во интонацијата на „Happy birthday“.

2 Јавете се на третиот по ред контакт од Вашата листа и пејте 30 секунди од песна што ќе ја избере Вашата група.

3. Јавете се на мајка на Ваш пријател и прашајте ја дали ќе Ве посвои.

4. Напишете некому порака користејќи го само Вашиот нос.

5. Заврзете си лента на очите и дозволете некој да Ве храни.

6. Јавете се на Вашата симпатија и поканете ја да излезете.

7. Избришајте го Вашиот инстаграм и не користете го 5 дена.

8. Нашминкајте се без да користите огледало.

Прегледи:
808
Објавено на:
18.10.2022