Периодот којшто води кон Божиќ е најмагичниот од сите останати, а за да биде уште поинтересен Ви подготвивме неколку божиќни прашања. Размислувајте и забавувајте се. Подолу се наведени и одговорите:
1. Каков подарок му подарил малиот тапанар на новородениот Исус?
2. Зошто црвено-белите бонбони кои се во вид на бастунчиња се токму така обликувани и обоени?
3.На која личност од реалниот живот се базира Дедо Мраз?
4. Што треба да направите доколку се најдете под имела?
5. Во кои земји луѓето се собираат на плажа за да го прослават Божиќ?
1. Малиот тапанар му испеал песна на Исус и бил награден со насмевка од новородениот крал на светот.
2.Црвено-белите бонбони се обликувани како бастунчиња за да потсетуваат на подароците коишто овчарите му ги дале на Исус. Белата боја ја претставува чесноста и чистотата на Исус, додека црвената се асоцира со крвта што ја пролеал кога бил распнат на крст.
3. Дедо Мраз се базира на христијанскиот епископ свети Никола. Тој бил познат по давање подароци на сиромашните.
4. Доколку со некого се најдете под имела треба да се бакнете. Ова е христијанска божиќна традиција којашто означува љубов и романса.
5. Во Австралија и Нов Зеланд Божиќ се паѓа во летната сезона и луѓето прославуваат собирајќи се на плажа.