Американската поп и рап пејачка, Доџа Кет, на модната ревија во Париз се појави во најсмелото издание до сега. Нејзиното тело беше обвиено со 30 000 црвени кристали коишто биле рачно поставувани, а процесот траел околу 5 часа.
Трпеливата пејачка успешно го издржала целиот процес, а за ова била задолжена шминкерката Пет Мекграт заедно со својот тим коишто биле запрепастени од целата нејзина трпеливост.
Кожата на пејачката била обвиткана со боја и капи за да на крај целото нејзино тело биде попрскано со златна прашина. Некои луѓе го одобруваат ова нејзино издание додека други веќе почнаа со критики и правење шеги на нејзина сметка.