Категории

Личности коишто биле избркани од работа, а после тоа станале најзначајни во светот

Многупати е докажано дека лошите работи можат да доведат до многу подобро. Дека е тоа така покажуваат луѓе коишто биле избркани од нивните работни места за да потоа станат најпознати во светот.

Да погледнеме за кого станува збор:

1. Никола Тесла – Светот во којшто живееме немаше да биде тоа што е доколку не постоеше Никола Тесла, таткото на модерната електрична енергија. Во Словенија тој ја изгубил неговата работа како уметник поради тоа што се коцкал и имал ментално растројство.

2. Волт Дизни – Неговата креативност била безгранична, но пред создавањето на Мики Маус тој бил отпуштуван повеќе пати бидејќи сметале дека сепак не бил доволно креативен.

3. Стив Џобс – Кога зборуваме за технолошката револуција не е можно да не се спомне Стив Џобс, човекот којшто стои позади многуте продукти на Apple. Тој го создал Apple во 1976 година, но во 1985 година бил отпуштен поради зголеменото ривалство на пазарот. Го вратиле во 1997 како извршен директор на Apple и продолжил со создавањето на Apple производите.

4. Мадона – Американската поп пејачка порано работела во продавница за крофни, случајно истурила желе врз клиент и добила отказ.

 

Прегледи:
292
Објавено на:
31.01.2023