Како и луѓето, некои животни исто така поседуваат одредени способности за коишто не сме доволно свесни.
Користење алатки, решавање задачи, покажување емоции – ова се само од неколкуте особини коишто кај некои животни се доста изразени.
А, за кои животни станува збор, погледнете во продолжение:
1. Кучиња
Сите знаеме дека кучињата припаѓаат во групата на паметковци, но знаевте ли дека нивната интелигенција е колку онаа на двегодишно дете?
2. Октоподи
Овие водни животни се познати по решавање на сложени проблеми.
3. Слонови
Имаат одлична меморија и се способни да покажуваат емоции речиси колку луѓето.
4. Мачиња
Исто како и кучињата, така и мачињата имаат интелигенција како онаа на двегодишно дете. Интересно за мачињата е што се способни да разберат кога некој предмет фали и не е на своето место како претходно.
5. Делфини
Способни се да користат алатки, имаат сложени системи за комуникација, си даваат имиња едни на други и знаат да решаваат сложени проблеми.