Ракетата „Старшип“ на Илон Маск и неговата компанија SpaceX беше лансирана, но само неколку минути подоцна истата експлодираше.
Оваа ракета беше тест, без екипаж, ракета од новата генерација, од најмоќниот ракетски систем и заврши во „успешен неуспех“.
Самиот Илон Маск шансите ги проценуваше на 50:50, ракетата беше висока 120 метри, горниот дел не се одвоил од долниот и по помалку од 4 минути ракетата се нашла во експлозија.