Линда Јакарино ја презема улогата од Илон Маск како директор на Твитер порано отколку што беше очекувано.
На 12 мај, Илон Маск најави дека новиот директор ќе ја преземе улогата за шест недели, но работите се случија малку порано.
Маск најави дека планира да остане вклучен во тимот.
Откако го купи Твитер тој беше под постојан притисок да најде некој нов којшто би го водел за да тој се фокусира на останатите негови бизниси.