Категории

DeepMind тврди дека нивниот следен чет-бот ќе му биде ривал на ChatGpt

Британската истражувачка лабораторија за вештачка интелигенција, DeepMind којашто служи како подружница на Google, тврди дека наскоро нивниот следен чет-бот ќе му противи дури и на засега најдобриот – ChatGpt.

Новиот бот ќе се вика Gemini и ќе може да планира и да решава проблеми од различни области.

Од компанијата велат дека имаат идеи коишто доколку одат според планираното, ќе бидат многу интересни.