Категории

Неверојатни факти за универзумот!

Универзумот е огромно, фасцинантно и мистериозно место, место какво што не можете ни да замислите.

Дали сакате да дознаете нешто интересно?

Во продолжение следуваат интересни факти коишто уште повеќе ќе ја побудат Вашата љубопитност:

  • Универзумот постојано се шири. Галаксиите се оддалечуваат една од друга и просторот меѓу нив расте.
  • Голем дел од универзумот е составен од темна енергија и темна маса или материја. Овие супстанци не можат директно да се набљудуваат, но се верува дека имаат клучнa улога во динамиката и ширењето на универзумот.
  • Црните дупки се неверојатно густи региони во вселената каде што гравитацијата е толку силна што ништо, ама баш ништо, дури ни светлината, не може да избега од нив. Тие се формираат кога масивни ѕвезди колабираат под нивната сопствена гравитација.
  • Кога гледаме во далечна ѕвезда или галаксија, ние всушност гледаме назад во времето. Светлината емитирана од тие објекти, го започнала тоа патување кон нас во одреден момент во минатото. На пример, ако ѕвездата се наоѓа 10о светлосни години од Земјата, тоа значи дека светлината што ја гледаме од таа ѕвезда денес, е емитирана пред 1оо години. Значи, ние ја набљудуваме ѕвездата каква што била пред 100 години.
Прегледи:
390
Објавено на:
07.08.2023