Ривалот на Х (поранешен Твитер), Тредс ја објави долгоочекуваната веб-верзија.
Корисниците отсега ќе можат да ја користат апликацијата и преку прелистувач на десктоп компјутер.
Од компанијата велат дека имаат планови и за нови функционалности во иднина.
Се очекува апликацијата да привлече уште повеќе корисници откако на почетокот на своето лансирање во јули, привлече неверојатни 100 милиони корисници во првата недела.
Тредс е апликација слична на Твитер којашто Марк Закерберг ја лансираше по неговата кавга со Илон Маск.