Категории

Сондата Луси на НАСА успешно го заврши тестот!

Сондата Луси дизајнирана од НАСА успешно го заврши тестот така што помина покрај првиот астероид без несакани проблеми.

Следен чекор е да се испратат информациите назад до Земјата, а за тоа би требало период од околу една недела.

Сите се многу возбудени и ги чекаат резултатите, а посебно се изненадени како сондата успешно помина покрај астериоидот Динкинес којшто се движел премногу брзо.

Токму овој астероид со дијаметар помал од еден километар ќе биде темата на истражување за сондата Луси.