“АКУСТИЧНО КАО НЕКАДA”
МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА
15 ДЕКЕМВРИ
Првиот концерт во Скопје од страна на Авалон Продукција беше организиран во Куршумли Ан, на 28 август, 1993та со Електрични Оргазам.
Вториот концерт требаше да биде на истото место, на 11 септември, 1993та, со Галија.
Пред отворање на вратите, се споија небо и земја и одржувањето на концертот беше невозможно.
Концертот никогаш потоа не се одржа.
Не само што не се одржа, туку, верувале или не, добри 30 години, патиштата на Авалон и Галија во меѓувреме никогаш за ништо не се сретнаа?!
Но, нормално, секој отворен круг… мора да се затвори.
Време е за никогаш неодржаниот концерт на Галија!
И тоа… овојпат, премиерно во Скопје, проектот ,,Акустично као некада”, или, ако подобро сакате, проектот ,,Unplugged: Best of Галија”, на 15 декември во 20 часот, во совршен простор за овој настан – Македонска филхармонија.
Што да се каже за Галија?
Еден од ретките бендови од регионов кој не само што има огромен број на одлични албуми и безвременски хитови, туку и во живо звучи добро како најдобрите светски бендови од тој тип!
,,Још увек сањам”, ,,Дигни руку”, ,,Да ли си спавала”, ,,Трубе”, ,,Корак до слободе”, ,,Када ме погледаш” се навистина легендарни песни и ќе биде огромно задоволство да ги слушнеме, заедно со уште многу други во акустична варијанта на Неша и осумчлената екипа.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (8 ноември) во 9 часот наутро онлајн на https://ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од:
1.200 денари и
1.500 денари – ВИП
Искуството и историјата на авалонските концерти во Македонска филхармонија кажува само едно – бидете брзи во средa!
Ваша,
Авалон Продукција
Важно: После концертот на Бајага & Инструктори, концертот на Галија е втор концерт при проектот ,,Месец на 30 години Авалон во Македонија”.
Наскоро следат нови најави…