Категории

Мелани Трајковска ја освои титулата Кралица на модата!

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазиja (Queen EURASIA 2023).


Нашата држава ја претставуваше 17-годишната Мелани Трајковска од Делчево која успеа да ја освои титулата Кралица на модата (Queen of fashion).

Победничка на изборот е претставничката на Унгарија. Ова е уште една од низата титули кои девојките од Модното студио Црнокрак ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина кои се одржуваа ширум целиот свет и уште еднаш потврдија дека се вистински амбасадори на македонската убавина кај и да се појават.

На изборот учествуваше уште една девојка од Модното студио Црнокрак, 20-годишната Љубица Блажеска од Струга која исто така направи убав успех со пласманот во финале, меѓу најубавите 10 девојки.

Изборот се одржа во прекрасниот CESAR TEMPLE DE LUXE хотел во Белек-Анталија, каде девојките беа сместени и се подготвуваа за финалниот избор.

Во жирито кое одлучуваше за тоа кои девојки ќе добијат титули се најде и нашата Сандра Стефановска, која беше победничка на овој избор 2017та година.