Државна лотарија ја привршува 2023 година како што и ја започна − бериќетно, со многу среќни приказни и насмеани добитници, со радост, возбуда и пријатни изненадувања.
Сања Симоновска од Пробиштип, среќата ја чекала во Делчево. Таа си доби роденденски, а воедно и новогодишен подарок, една од главните премии на инстант лозот 7х7, автомобил Hyundai Bayon. На 21 декември, на денот на нејзиниот роденден, се сретнавме со среќната добитничка пред салонот на „Гранд Ауто“ во Скопје, каде што Марјана ги предаде клучевите од автомобилот, а Сања ни раскажа колку е среќна за добивката.
Имено, при прошетка низ Делчево, Сања купила два инстант лоза „Фрути“ и само еден лоз „7х7“ од продажното место „Телхо Дел“ кои ги изгребала дома заедно со нејзината мајка и ќерка си. Кога ги забележале трите симболи на Hyundai Bayon, најпрво следеле „шок и неверување“, потоа на радоста ѝ немало крај. Како што ни кажа среќната добитничка, поубав роденденски подарок не можела ни да сонува.
Го завршивме разговорот со порака до играчите, да бидат упорни и истрајни во потрагата по среќата, затоа што среќата е насекаде.
Со желби за среќни празници ја испративме Сања со новото возило во Пробиштип.
Дозволете да Ве потсетиме, во најубавиот период од годината подарете на Вашите сакани инстант тлозови, подарете можност за СРЕЌА ПЛУС.