Категории

3 навики коишто драстично ќе Ви го подобрат нивото на енергија!

Се будите и веќе веднаш се чувствувате преморени иако добро сте се наспале?

Доколку ги практикувате овие 3 навики, Вие веќе никогаш нема да се чувствувате уморно, а на Вашата енергија сите ќе ѝ завидуваат:

  • Пијте повеќе вода. Дехидрацијата е честа причина за ниско ниво на енергија.
  • Не прескокнувајте оброци. На Вашиот мозок и тело им треба енергија за да функционираат како што треба, затоа погрижете се паузите да ги искористите за нешто да каснете.
  • Внимавајте на времето поминато пред екраните. Премногу време поминато пред екраните доведува до замор и исцрпеност, затоа направете паузи тогаш кога Ви се потребни. За време на паузите излезете на чист воздух и природна светлина за да Вашето тело Ви биде повеќе од благодарно.