Еден од најпопуларните карневали во Македонија започнува овој петок на 12 јануари.
Во пресрет на празникот Василица, Вевчани и оваа година ќе се претвори во вистинска традиционална бајка.
Ќе има бројни маскирани лица, традиционално оро и преубава енергија како и секоја година.
Карневалот ќе трае до 14 јануари.
Овој настан е организиран со векови и е обележје на традицијата во нашата држава.