На 19 јануари, христијаните го слават еден од најголемите празници – Богојавление или Водици.
Се смета за голем христијански празник бидејќи на тој ден Исус Христос бил крстен во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител.
На овој ден луѓето се фрлаат по крст во вода и се верува дека оној којшто ќе го фати крстот, ќе има среќа во текот на целата година.
На самиот ден се верува дека сите води се осветени и луѓето одат и си налеваат за дома за здравје.
Според верувањето, ноќта пред празикот, на полноќ се отвора небото и на сите будни што ќе го дочекаат овој час, Бог им ги исполнува желбите.