Во саботата на 27 јануари започна Венецијанскиот карневал, еден од најпознатите и најпосетените карневали во светот.
Познат е по своите уникатни маски, шарени костими и величествени свечености.
Венецијанскиот карневал датира од 11 век, а истиот привлекува различни луѓе од целио0т свет.
Во текот на 18 век, карневалот го доживува својот врв во однос на популарноста и грандиозноста.
Плоштадот „Свети Марко“ често е епицентарот на овој настан.
Карневалот ќе трае до 13 февруари, а празничната атмосфера е веќе во тек.