Категории

Мира од Делчево на свои 74 години го искачи врвот на Килиманџаро!

Највисокиот планински масив во Африка не ја спречи 74-годишната Мира Симоновски од Делчево да се искачи на самиот врв.

Имено, делчевката се искачи на 5895 метри надомрска височина на врвот Ухуру којшто се наоѓа на Килиманџаро.

Таа е дел од експедицијата на Клубот за планинарски спортови АЗОТ, а со своите години покажува дека за успех не се важни годините, потребна е само цврста волја и самодоверба.