Категории

6 Причини зошто интелигентните луѓе се секогаш резервирани

Интелигенцијата не е релативна работа како многу други особини на луѓето кои се менуваат според чувства, настани, размислување, созревање и понатамошен развој на личноста.

Интелигенцијата потребно е да ја имате од раѓање, а истата да ја сочувате и надградувате постојано со читање книги, мозгање, логичко размислување, учење на нови работи, патување.

Доколку ја надградувате таа постојано ќе гради штит околу вашата личност и вие ќе бидете отпорни на глупави луѓе, провокации, навреди, озборувања.

Едноставно ќе бидете резервирани личности кои не разговараат со секого бидејќи не сакаат интелигенцијата да им биде навредена поради овие 6 едноставни причини.

Не ги интересираат озборувања

Интелигентните луѓе не озборуваат, ниту сакаат да се озборувани, но кога веќе не можат да го спречат ова второто, не се дружат со луѓе кои го прават тоа првото.

Не прифаќаат навреди

Навредата за интелигентен човек е навреда само доколку ја прифатат тие, а верувајте интелигенцијата не прифаќа навреди бидејќи знае дека се под нејзино ниво и се плод на љубомора или фрустрација.

Не паѓаат на провокации

Интелигентен човек никогаш нема да успеете да го испровоцирате до степен да се кара со вас или да ве истепа. Тој секогаш ќе ве акни од земја со културно зборување и однесување.

Со глупави луѓе нема муабет

Интелигентните луѓе знаат дека со оние глупавите нема што да прават муабет, па затоа ниту се обидуваат да склопат реченица со нив, се дружат само со луѓе од нивни калибар.

Си ја ценат интелигенцијата

Ниту еден интелигентен човек нема да дозволи да го лажете во очи или да го манипулирате. Доколку го дозволи тоа значи дека си ја вреѓа интелигенцијата, наместо да си ја цени.

Едноставно немаат време

Интелигентните луѓе едноставно немаат време за ограничени мозоци бидејќи имаат свој мозок кој треба да го надградуваат и штитат. Тие времето го трошат на себе, наместо на некој друг.

Доколку се пронајдовте во овие 6 причини поради кои треба и вие да бидете резервирани, дружете се само со резервирани луѓе, а на останатите откажувајте им ја резервацијата во вашиот живот или кажете им дека веќе е зафатена.
Жива Меѓу Мртвите

Прегледи:
354
Категории:
Занимливости
Објавено на:
10.08.2016