Категории

Емотивна борба на еден татко: После смртта на сопругата таткото собира млеко за синот (ФОТО)

Мајката Кетрин Твет сакала својот син да го дои се додека тој не наполни една година, меѓутоа нејзината желба морал да ја исполни таткото…

По ненадејната смрт на мајката на неговиот син, еден татко од Орегон во Америка бил принуден да побара помош преку социјалната мрежа Фејсбук.

“Јас сум самохран татко на осуммесечното момче Броди. Неговата мајка пред четри месеци настрада во сообраќајна несреќа. Таа сакаше да го дои Броди се до неговата една година, па одлучив да ја исполнам нејзината желба и да побарам донатор за мајчино млеко”, напишал Алекс во групата “Мајките од Портланд”.

По одличниот одзив, Алекс одлучил да направи и посебна страна на Фејсбук под името “Мајчино млеко за Броди”.

“Не се сметам себе за херој во оваа ситуација. Мислам дека оние кои донираат млеко во оваа ситуација треба да се сметаат за херои. Јас сум само еден обичен млад дечко кој пробува добро да се грижи за својот син.”

Мајката на Броди, Кетрин Твет, трагично го изгубила животот, а само малку пред автомобилската несреќа во која настрадала напишала емотивна порака.

“Ова е љубовта која сум ја барала. Љубов која е доволна за еден цел живот. Иако знам дека ќе дојде ден кога ќе бидеш возрасен човек и кога ќе морам да те пуштам, овие моменти ќе ги имам во мене и никогаш нема да ги заборавам. Ти си ми се. Никогаш не сум помислувала колку ми е потребен мојот син. Ти си тој. Мојата љубов.”

Прегледи:
572
Објавено на:
04.01.2016