И покрај толку многу разлики, ние не се делевме, станавме едно, моето секојдневие не беше замислено, а небаре поминато без неа.
Таа беше таа која покрај сите проблеми, маки, тешкотии во животот исправено чекореше заедно со мене.
Некои би рекле дека сличностите се тие кои нас не зближуваат, но напротив, кај нас беше обратно, разликите беа тие кои не направија НЕРАЗДЕЛНИ ДРУГАРКИ.
Верата, обичаите, традицијата, се беше различно, јас македонка, а таа албанка, јас христијанка, а таа муслиманка.
Ништо од тоа немаше, но и се уште нема некакво значење и покрај сите разлики меѓу нас две успеавме да станеме поблиски дури од родени СЕСТРИ.
Ниту мене, ниту неа не и пречеше тоа дека помеѓу нас имаше многу разлики кои ние ги сметавме како сличности.
Делевме потполно се, а може да се каже дека го делевме и воздухот кој го вдишувавме. Бевме толку различни, но сепак толку многу слични.
Напиша: М.М