Категории

Моќта на мажите не е во изгледот и парите: Вистински го прави нешто друго

Што е тоа што мажите ги прави вистински заводници?  Дали е тоа нивниот совршен физички изглед, тело, длабокиот џеп, моќта, статусот или енергијата?

Психолозите тврдат дека моќта на мажите е во харизмата, односно во способноста да со разговор одредена жена ја заинтересираат за себе.

Жените често не го забележуваат физичкиот изглед, односно истиот го забележуваат само на првата средба. Многу повеќе ги интересира, она што го имаат внатре.

Додека мажите се воглавно визуелни типови и ретко се заинтересирани за карактерот на жената и нејзината харизма, и ретко даваат шанса на жена чиј физички изглед не воодушевува, за разлика од жените кои често им даваат шанси на мажите кои не ги привлекуваат со својот физички изглед, но имаат нешто во себе кое ги привлекува жените.

Токму во тоа е тајната на машката неодоливост, тврдат експертите, односно енергијата со која мажот здрачи и дава до знаење дека е силен и полн со самодоверба.

Ништо повеќе не ја воодушевува жената од способен маж, кој не може да биде изненаден од ништо. Моќта и умешноста, секој проблем брзо да го решат е магнет за спротивниот пол.

Голем дел од жените сакаат да имаат маж покрај кој ќе се чувствуваат сигурно, и доколку тој тоа им го овозможи, ќе ја добие нивната посветеност и љубов.

Воедно машката самодоверба можеби е и најважната карактеристика во формулата за неодоловист. Ништо не е попривлечно од маж кој верува во себе, тоа е афродизијак без било каква конкуренција. Тој вид на моќ е поефективен иод материјалните моќи, а поради фактот дека тој е задоволен во своја кожа, малку жени би можеле да му одолеат.

Жените како неодоливи ги доживуваат и духовитите мажи, кој умеат да ги насмеат, а машкитот интелект и образованието често можат да бидат неодолива карактеристика, поради која одредено машко лице може да стане магнет за жени.

Упатените тврдат дека најголеми заводници се оние мажи кои знаат некои работи поврзани со “женските” теми. Како што на секој маж му одговара жена која се разбира во дубал, жените ќесто се воодушевени од маж кој ја слуша како таа разговара за нејзините интимни работи. И секако, џентлмените се секогаш во мода. Мажите кој ја отвораат вратата на автомобилот, го придржуваат нејзиниот капут, додаваат рака кога жена се симнува по скали, имаат чести шанси да го добијат епитетот неодолив.

Од друга страна пак мажите кои имаат монотони, еднолични гласови без големи осцилации во тоновите, од жените се доживувани како привлечни. Едноличните гласови поврзани се со карактеристиките како што се силата и самодовербата, тврдат истражувачите, па мажите со ваква боја на гласот имаат повеќе партнерки и жени и се запамтени како подобри љубовници.

Експертите веруваат дека едноличниот глас симболизира евторитет и независност, а е навистина привлечен, а како пример за такви вокали се наведени актерите Џорџ Клуни и Клинт Иствуд. Двајцата имаат монотони гласови, а женскиот дел од популацијата смета дека се многу сексипилни.

Длабокиот глас и умешноста вербално да изразуваат чувства, стануваат неодоливи за жените, а како непривлечни жените ги сметаат мажите кои не знаат артикулирано да изразуваат чувства, иако физички се навистина атрактивни.

Прегледи:
719
Објавено на:
05.01.2016