Божиќ е радосен празник што го дочекуваме и го прославуваме со најблиските. Еве неколку преубави божикни пораки.
*На денешниот ден прости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ, погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди, тогаш тивко кажи Христос се роди!
*Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!
*Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди.
*Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди!
*Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!
*Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди!
*Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и касмет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!