Категории

Што треба да има на бадниковата трпеза за среќна и бериќетна година?

Велат дека на овој ден птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат. Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења.

Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број – 7, 9, 11 – колку повеќе се – толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лебче со паричка – Лепчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.

Суви пиперки со грав / сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Прегледи:
771
Објавено на:
06.01.2016