Категории

Како да станеш најсекси жена во просторијата

kako-da-stanes-najseksi-zena-vo-prostorijat-anaslovna-1140x713

На некои дами многу им е лесно да бидат секси, веднаш штом ќе влезат во некоја просторија го привлекуваат вниманието без да треба да се трудат.

На други пак, во целост им е непознат овој поим, не затоа што не сакаат да бидат, туку затоа што не знаат како.

Ако сакате да бидете во тимот на секси дами без мака, тогаш обидете се со овие трикови…

# Бидете женствена… тоа не значи да се претворите во збунета дама која не знае ништо да направи сама.
Голем број на жени мислат дека женственоста ги прави послаби, па околу себе дигаат ѕидови, одбиваат комплименти и глумат дека се недостижни.

Ако зрачите со енергија на недостапна жена, само ќе ги одбивате луѓето. Можете да бидете и отворена и по малку резервирана во исто време, само немојте да дигате ѕидови бидејќи на крај ќе останете сама.

# Одредете ги своите граници… женствените дами имаат многу изразена самодоверба, но тоа не значи дека се арогантни и затворени и не кажуваат само “да“ кога нешто сакаат и обратно кога не сакаат.

Ретко кој ќе почитува жена која се сложува баш со се, додека онаа која има сопствено мислење и цврсти граници може да биде неверојатно секси.

# Отфрлете ги предрасудите… некои мажи мислат дека жените не можат да им парираат, но и некои жени исто така го наметнуваат тоа чувство.

Вистината е дека личноста која најмногу те ограничува си токму самата ти. Ако тргнеш од претпоставката дека сите во просторијата се подобри од тебе и дека на сите мораш да им се допаднеш тогаш ќе зрачиш со несигурност.

Ако пак влезеш во просторијата и целосно ти е сеедно кој што ќе мисли за тебе, тогаш си неверојатно секси.

Прегледи:
802
Ознаки:
· ·
Објавено на:
07.01.2016