Категории

СЕ МЕ БОЛИ ПОСЛЕ ТЕБЕ, МАМО!

Само неколку дена после твоето заминување, немам ништо повеќе од себеси, само скршено срце во градите и спомени од нас.

Се чувствувам дека ќе ме проголта овој немилосрден град, кој знае многу повеќе за мене отколку самата јас.

Гледам во небото затоа што знам дека и ти вечерва гледаш во него. Тоа го правеше секогаш когабеше осамена.

И јас го правам истото, мамо. Ладно е . Повторно сум сама во оваа соба со многу спомени.

Ме гушат сликите, ѕидовите стануваат се потесни, а во ушите одѕвонуваат твоите гласови.

Како да си тука и како да очекував во секој момент да ја отвориш вратата и да кажеш “Јас си
дојдов, има некој дома?”

ДА, мамо дома сум и те чекам, но ти не доаѓаш, те нема, во мојата соба сум сама и загушливо е.

Еве веќе неколку дена никој не ме прашал како сум. Сите со својата болка. А мојата?

Секое утро се будам и гледам во твојата слика. Се уште никој нема храброст да ја тргне од
полицата.

Се трудам да бидам силна заради другите, но и оваа душа има свои граници.

Се обидов да напишам нешто убаво, но не можам. Во душава имам огромна празнина и болка.

Имам само една желба, но и последната надеж за неа до горе.

Знам дека нема да дојдеш и дека нема да се појавиш, но сепак ќе те чекам.

Ме теши помислата дека секое утро се будиш далеку од се и среќна.

Јас не сум мамо, никој не може да ја исполни твојата празнина во нашиот дом.

Вечерва е многу ладно, гледам во небото и звездите, не сјајат веќе како порано, но ги молам, ги молам да ми те вратат па макари и само момент да е за да ти кажам, СЕ МЕ БОЛИ ПОСЛЕ ТЕБЕ, МАМО.

Шкорпија

Прегледи:
810
Објавено на:
12.01.2016