Според интернет-страницата специјализирана за свадби „Ловерли“ (Loverly) некои датуми во 2016 година ќе бидат попопуларни од другите.
„Ловерли“ претпоставува дека следните датуми за стапување во брак ќе бидат интересни за двојките:
Понеделник, 29 февруари 2016
Бидејќи е престапна година голем број двојки ќе сакаат да имаат оригинална свадба на 29 февруари.
Сабота, 9 април 2016
За математичарите, нумеролозите и за луѓето кои сакаат бројки – 4, 9 и 16 се квадратни броеви и 9 април 2016 година е добар датум за свадба.
Петок 13 мај 2016
Петок 13 во 2016 година ќе се случи само еднаш во мај. Поради тоа голем број двојки би го одбрале овој датум за стапување во брак.
Четврток, 6 октомври или недела 6 ноември 2016
Палиндром е збор, израз или бројка која исто гласи прочитана од лево кон десно и обратно – 6/10/16 и 6/11/16 се два палиндромски датуми кои би можело да ги водушеви двојките.
Сабота, 31 декември 2016
Новогодишната ноќ годинава е в сабота, што значи идеално време за венчавка и за влез во 2017 година.