Само затоа што некој во ваша близина постојано ве прегрнува и бакнува, не значи дека неговите намери се добри.
Една жена имала змија – питон која многу ја сакала. Но, змијата од 4 метри одеднаш престанала да јаде. Газдарицата почнала да и нуди баш сее на змијата, но по сите неуспешни обиди решила да ја однесе на ветеринар.
Ветеринарот внимателно ја ислушал маката на газдарицата, па ја прашал :
„Дали вашата змија спија со вас ноќе, се мота околу вас, дали се доближува многу блиску па се раширува со целата своја должина“ ?
Жената изненадно одговорила : Да, да !! Тоа го прави секојдневно и тоа ме прави многу тажна, бидејќи гледам дека бара нешто од мене но не можам да разберам точно што сака.
Ветернарот со загрижувачки тон одговорил :
-Госпоѓо, вашито питон не е болен. Тој се припрема за да ве изеде. Тој, секој пат галејќи и прегрнувајќи ве вас., мотајќи се околу вашето тело, ја мери вашата величина, се со цел да знае колку време треба да се припреми за напад. И да, не јаде, за да има доволно место за вас, за полесно да ве удави и изеде. “
Поука. Морате да ги препознаете змиите помеѓу себе и нивните вистински намери. Само затоа што некој постојано околу вас ве бакнува и ве прегрнува, не значи дека намерите му се добри..