Актуелниот бранител на тронот можеби на крајот успеа да го скрши отпорот на нашите ракометари и да слави со конечни 30:23, но потегот на вечерта на отворањето на ЕП 2016 сепак беше дело на македонските рептрезентативци. Акцијата за паметење се случи во првото полувреме во кое рамноправно се носевме со Французите кога таа тргна од Кире Лазаров, а по „цепелин“ додавањето од Дејан Манасков, беше завршена исто така со „цепелин“ од нашиот капитен.