Категории

Поминуваш покрај некого со едно немо „здраво“ и насмевка упатена во паметниот телефон.

Каков живот е овој луѓе?

Што е ова?

Зошто се се измена и се заборави?

Децата се сменаа а исто така  и нивниот живот.

Не знам што е ова што го правиме ние.

Ама никој не е крив. Ние самите сме криви.

Самите одбираме како ќе го живееме животот.

Ама искрено дали ова е живот?

Живот ли е  времето да го трошиме само на социјалните мрежи и да гледаме кој, како прави и што прави?

Не,ова не е правилно што го правиме! Имаме секакви услови а не знаеме да ги искористиме.

Жално.

Одиме на кафе со другарките, со надеж дека ќе разговараме на разни теми и со надеж дека малку ќе се подружиме и ќе си ги кажиме нашите маки.

Но, искрено ништо не е така како што мислам.

Седнуваме и одма ги земаме во раце телефоните.

Ни го носат јадењето а ние најпрво го сликаме .

Секако, за да го споделиме  на социјалните мрежи.

Аххх, искрено не се сеќавам кога последен пат сум направила убав муабет со некого, а вие?

Одамна, нели?

Да,го знам тој одговор.

Но,ништо не може да смени.

Едноставно не сакаме да се смени.

Се додека на младите ги интересираат само телефоните, ништо нема да се смени!

Колку и да се трудиш,сам некогаш не можеш да успееш!

Што и да правиш нема да се задоволни со тоа. Само ќе те направат дека си глупава на сосем здрав памет.

Тоа е.

Останува само да се надеваме,друго ништо.

Прегледи:
539
Објавено на:
21.01.2016