Категории

Погодете што јаде наjстарата особа на светот за појадок.

Откако здравствената организација објави дека и сланината го зголемува ризикот за добивање рак, интернетот експлодира. Меѓудругото, како што објави Tech Insider, најстарата особа на светот за појадок секој ден јаде – сланина.

Еве една вест која ќе ги израдува сите љубители на сланина во светот. Најстарата особа на светот, Susannah Mushatt Hines сака сланина повеќе од се на светот. Месото е најважно според неа, а таа има 116 години и  е убедена дека сланината е тајната за нејзината долговечност.

Како што пиша новинарката во Business Insider, Susannah е слепа, делумно глува но со доста јаки и способни раце. Нејзината рутина е секое утро иста. Сланината е нејзиниот главен оброк веќе години.  Исто така обожава да џвака мастика.

Освен тоа, таа наутро пие и чаша вода и сок од брусница, мултивитамини и лекови за крвен притисок. Докторот ја посетува 4 пати годишно. Нејзината исхрана, освен сланина, се состои главно од овошје. Никогаш не се жали на болки.

Секако дека нејзините гени имаат големо влијание на нејзината долговечност, но голем фактор е и тоа што никогаш не претерала со алкохолот.

Прегледи:
363
Објавено на:
22.01.2016