Категории

Норвежаните го прославуваат појавувањето на сонцето по два месеци

Жителите на градот Тромсо на северот на Норвешка организирале голема прослава по повод појавувањето на сонцетот над нивниот град по два месеци, пренесува агенцијата „Анадолу“.

Како што наведува порталот „Локал“, жителите на овој град во голем стил го прославиле крајот на поларните ноќи, односно два месеци живот во мрак.

Поларната ноќ е природен феномен кој се појавува северно од Арктичкиот круг и јужно од Антарктичкиот круг, а во текот на кој сонцето не излегува над хоризонстот, кога ноќта трае 24 часа на ден. Времето во кое сонцето не излегува зависи од географската положба на местото, а варира од 20 часа на самите поларни кругови до 186 дена на половите.

Сонцето над норвешкиот град Тромсо не се појавило од од 27 ноември.

Вработените на многу компании и деца во градинките вчера се придружиле на грандиозната прослава по повод појавувањето на сонцето над градот.

Како што наведуваат локалните медиумите, најмногу работа имале слаткарниците кои едвај успевале да подготват колачи кои ги купувале жителите за да го прослават овој свечен момент.

Појавувањето на сонцето над Тромсо исто така е пренесно во живо и на телевизија.

Прегледи:
431
Категории:
Занимливости
Објавено на:
23.01.2016