Категории

Таа беше студентка, а јас доктор – 15 години постар од неа, но ја сакав, сеуште ја сакам….

Имаше желба за се, за шетање, патување, дружење, а јас желба само за неа !

Обично девојките кога ќе почнат врска со постар маж остануваат повредени, но се случува и обратното…

“Таа беше студентка а јас доктор, не ни знам како доjдовме до таа ситуација да имаме нешто. Јас од неа бев постар 15 години, тогаш требаше да се оженам – а јас лудо се заљубив во НЕА.“

Никој не ме излудуваше повеќе од неа – беше така бунтова. Но чувството беше преубаво кога ќе заспиеше покрај мене, толку нежна –  само повеќе ја засакував. Ни секунда не жалам што поминав со неа.

“Не бевме еден за друг“ – ми рече денес кога ја донесе нејзината ќеркичка на преглед.

Мене и ден денес ми сјаат очите кога ќе ја видам, а срцето ќе ми излезе од гради. Не ја преболив, не се ни оженив, не ја заборавив. Му завидувам на нејзиниот сопруг и до ден денес сеуште ја сакам.