Категории

За младите Снепчат е кул, а ФБ не е

Инстаграм, Спотифај, Снепчат – сè се тоа омилени апликации на тинејџерите, и Твитер им е ОК, ама не и Фејсбук заради профилите на родителите.

Според тинејџери од САД, Снепчат е кул затоа што било забавно да се споделува со пријателите каде си и што правиш, на брз и лесен начин, а Спотифај скоро за сите е најдобра музичка апликација.

Како и Снепчат, испитаниците на возраст од 13 до 19 години го обожаваат и Инстаграм, им се допаѓа и Твитер затоа што „е брз и лесен за користење и не е досаден како Фесјбук“, а плус може да се комуницира и со познати личности.

Тинејџерите имаат Фејсбук профили, но не можеле да се опуштат на социјалната мрежа заради своите родители и родителите на пријателите кои имаат ФБ профили. Но, 80% го користат Фејсбук Месинџер.

„Фејсбук е добар за разни настани, но дефинитивно не ми е омилена апликација“, изјавил 15-годишник.

Гугл+, Виспер и Вајн, според тинејџерите, не се кул.

Најкул смартфони за тинјеџерите се iPhone 5S, iPhone 6 и Samsung Galaxy S5.

Кул се и:

– Нетфликс.
– Стримови.
– Игрицата Color Switch.
– Тејлор Свифт, Џастин Тимберлејк, Џими Фалон, Кање, Џастин Бибер.
– BuzzFeed.

Прегледи:
405
Категории:
Технологија
Објавено на:
02.02.2016