Категории

СРЕЌА НА ДЕНОТ: Погледнете ја целата приказна за малиот „Афганистанскиот Меси“

Петгодишното дете од Афганистан Муртаз Ахмади, чија е фотографија со дрес од Меси направен од ќеса го допре светот, но и лично фудбалерот на Барса.

Имено, малиот љубител на ликот и делото на Лионел Меси пронајден е по големата потрага која ја покренаа Аргетинскиот фудбалски сојуз и менаџерите на Меси и за поклон доби вистински дрес од Меси од Барселона.

Неговата фотографија во дресот направен од ќеса објавена неодмана го обиколи светот, а набргу сите тргнаа во потрага по него. Кога му влегле во траг, Меси и челниците на Барселона пратиле меил до Фудбалскиот сојуз на Афганистан, со желба Меси и лично го запознае својот обожавател.

Детето стана вистинска ѕвезда во својата држава, а го доби и дресот од Меси откако се сретна со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Афганистан.

„Афганистанскиот Меси“ како што веќе го нарекуваат во својата држава, доби и прилика да заигра на трева со кадетската репрезентација на Афганистан.

Со денови плачеше

– Плачеше со денови зошто немаше дрес. Не можев да му купам зошто немаме пари, а тогаш брат му му помогна да направи дрес од ќеса – вели таткото на детето.

Неговиот брат му го направил „дресот“

– Најголема желба ми е блиску до својата куќа да имаме стадион, за да создадеме некој фудбалер сличен на Меси. Муртаз едвај чека да го запознае Лео.

Ал Џезеира разговарале и со 15 годишниот Хомауоун, кој му го направил дресот на својот брат.

– Ми беше тешко поради него зашто не можеше да добие дрес, па му направив дрес од ќеса. Вистински дрес  не можеме да му купиме. Немаме пари.

Меси со детето ќе се запознае на Камп Ноу, стадионот на Барселона, веројатно на некоја од следните натпревари од Лигата на шампионите или од шпанската лига.

https://www.youtube.com/watch?v=YqM5HxLs_oA

Прегледи:
366
Категории:
Занимливости
Објавено на:
03.02.2016