Да се задржи страста и пеперутките во стомакот се едни од клучните работи во секоја врска.
Затоа од време на време треба да го освежите вашиот однос со некои ситници. Се прашувате како? Најлесно е со неколку заводливи пораки кои ќе му ја разгорат фантазијата и поради тоа тој цел ден ќе мисли на вас…
– Минатата ноќ не спиев убаво, сакам да ме гушкаш и бакнуваш цел ден!
– Ќе ти биде ли проблем сабота да ни биде ден без облека?
– Дали да облечам кратка или многу кратка сукња?
– Кога би можел само една работа да правиш со мене до крајот на жвотот, која би ја одбрал?
– Размислувам да се ставам на целибат до крајот на животот, што мислиш за тоа?
– Што би сакал да носам вечер?
– Те сонував синоќа, беше возбудливо!
– Имам изненадување за тебе!
– Размислувам вечер да облечам костим. Што сакаш повеќе да бидам медицинска сестра или собарка?
– Носам градник во боја, што мислиш во која?
П.С. Ова се само идеи како да го зачините својот љубовен живот, но тоа не значи дека баш секоја од овие пораки треба да ја примените. Изберете една или две кои сметате дека ќе му се допаднат на саканиот, плус можете и да ги модификувате.