Категории

Поминаа месеци, месеци…а таа остана таква, иста каква што беше откако тој си замина од нејзиниот живот

Велат времето се лекува.

Поминаа месеци, месеци…а таа остана таква, иста каква што беше откако тој си замина од нејзиниот живот.

Се прашувам зошто ништо не се смени? Зошто не го заборави? Зошто сеуште страда?

Ама,не го знам одговорот на ова прашање.

Сакам да направам нешто. Сакам да и го променам животот ама не можам… Само се трудам и никако не можам да успеам во тоа. Мислев дека ќе заборави на се. Мислев дека ќе се измени,дека ќе почне да ги сфаќа работите поинаку… Ама не.. Ништо не е како што изгледа..

Се прашувам како можам да и помогнам? Што можам да направам за да ја сменам? Да ја направам повторно среќно девојче, девојче кое што секогаш беше со својата најдобра другарка а сега веќе не можат ни да се видат.

Но ништо не може да ја врати назад. Таа овој пат загуби и целосно пропадна… Пропадна и физички а и психички.

Велат времето се лекува…

Зарем верувате во ова?

Не…јас искрено не верувам.. Оваа рана,оваа болка,оваа неправда никогаш нема да се излечи, само можеме да се надеваме,да се надеваме дека можеби еден ден се ќе се измени,дека можеби еден ден се ќе биде поинаку ама  сметам дека таков ден нема да има,не барем сега…

 Тешко е.. Тешко е да го изгубиш саканиот. А уште потешко е да го избришиш од твојот живот и да го заборавиш.

Ама и затоа велат – “Кога не би постоеле разделбите никогаш нема да сфатиме колку ни значат тие што ги сакаме!“

Георгина Ристеска

Прегледи:
401
Ознаки:
·
Објавено на:
10.02.2016