Веќе не паметиш кога последен пат имаше момче, а секогаш кога ќе посакаш, сфаќаш дека добро ти е сама. Сепак си имаш некоја своја комфорна зона и не се брзаш да ја промениш. Токму затоа ќе се пронајдеш во следните работи:
- Твојата најдобра другарка ќе раскине долга врска, ќе има луд сингл период и ќе си фати ново момче, додека тебе ти треба многу подолг период да се решиш да одиш на состанок. Но, воопшто не се грижиш за тоа.
- Сметаш дека си сама, бидејќи премногу прибираш.
- Секогаш завршуваш бакнувајќи се со најчудниот тип во клубот. Сепак, се работи за уште една пијана вечер
- Со другарките се однесуваш како да ти се момче. Постојано сте заедно и правите различни активности.
- Па затоа со сигурност знаеш кои ќе ти бидат главни деверуши на свадбата, иако младоженецот се уште не е појавен во твојот живот.
- Кога си осамена, ти сметаат сите парови кои ги гледаш.
- Имаш предвреме подготвен одговор кога некој ќе те праша зошто си сингл.
– Моментално сум фокусирана на себе. Знаеш кариерата ми се одвива мошне добро и планирам така и да продолжи. - Кога некој те теши дека и ти ќе си најдеш момче, сфаќаш дека не е трагично толку многу што си сама.
- Запознаваш некој и за 10 минути веднаш почнуваш да си планираш иднина со него. Потоа нешто лошо ти паѓа на ум, како на пример чевлите. И веднаш си ги враќаш мислите на место.
- Но, повеќето време, обожаваш што си имаш време за себе.